Хоџа: Нова опрема за отпад во Струга и засилени инвестиции во инфраструктурата

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изврши увид во новонабавената комунална опрема – дел од воспоставувањето интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Во оваа фаза од проектот, кој се спроведува со поддршка од Европската банка за обнова и развој, Општина Струга добива три камиони за собирање …

Continue Reading

Од утре почнува целосната примена на новите правила за влез во ЕУ

Новиот електронски систем за контрола на влез и излез на државјани на трети земји од утре, 10 април, станува целосно оперативен во сите 29 земји членки на шенгенскиот простор. Новиот европски Систем за влез/излез (EES) почна постепено да се применува на 12 октомври минатата година и по шест месеци станува целосно оперативен. „Со системот за влез и излез го градиме …

Continue Reading

ЕУ бара итно објаснување од Унгарија

Европската комисија побара од Унгарија да даде објаснување „во најкус можен рок“ за телефонски разговори со Русија во кои се споделувале интерни информации од ЕУ. Европските медиуми објави дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто преку директна линија, главно со Сергеј Лавров, доставувал „стратешки информации“ од состаноци во Брисел, вклучително и документ за преговорите за пристапување на Украина. Овие …

Continue Reading

Германски медиуми: Трамп ѝ дава ултиматум на Европа за Ормускиот теснец

САД го зголемуваат притисокот врз европските сојузници за воено ангажирање во Ормускиот теснец. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги информираше европските влади дека американскиот претседател Доналд Трамп очекува конкретни ветувања за испраќање воени бродови или други воени капацитети во следните неколку дена. Политичките ветувања, како оние дадени од почетокот на војната, веќе не се доволни, пишува „Шпигел“. Бројни европски …

Continue Reading

Архиепископот Стефан во велигденското послание со порака за радост, простување и пожртвуваност

Преку порака на радост, простување и пожртвуваност за секој човек, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Стефан, заедно со членовите на Светиот архијерејски синод, упати традиционално Пасхално послание по повод најголемиот христијански празник – Велигден. „Нашиот богољубив народ отсекогаш живеел со воскресенската надеж. Маките и неправдите од овој свет секогаш ги поднесувал утешувајќи се со споменот за …

Continue Reading

Иран ќе дозволи низ Ормускиот теснец да поминат до 15 бродови дневно

Иран нема да дозволи повеќе од 15 бродови да поминат низ Ормускиот теснец во еден ден, како дел од договорот за двонеделен прекин на огнот со Соединетите Американски Држави, објави денес агенцијата ТАС, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер. Ормускиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта и гас, беше практично блокиран по нападите на САД …

Continue Reading

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство и АНБ

Јавното обвинителство и АНБ потпишаа меморандум за соработка. Целта на Меморандумот, како што е соопштено од обвинитеслтвото, е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон. Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, Меморандумот предвидува и размена на …

Continue Reading

УЈП со План за подобрување на усогласеноста: целта е да се влијае врз однесувањето на даночните обврзници

Управата за јавни приходи донесе План за подобрување на усогласеноста – Неформална економија 2026 – 2027, како стратешки документ кој произлегува од современиот концепт на управување со ризиците на усогласеност. Овој концепт,како што појаснуваат, претставува модерна филозофија на работењето на даночните администрации, која вклучува препознавање на ризиците за неусогласеност и нивно навремено адресирање преку комбинација од превенција, советување и поддршка, …

Continue Reading

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаби врнежи од дожд

Утре променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната …

Continue Reading