(Видео) Вандализиран портретот на кралот Чарлс во Лондон

gh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







 Околу 12 часот, двајца активисти залепија плакати со ликови од цртаната серија „Валас и Громит“ на лицето на кралот Чарлс, преку кои симболично го нападнаа Кралското друштво за спречување на суровоста кон животните (RSPCA).

Активисти на британското движење „Animal Rising“  денеска го вандализираа новиот портрет на кралот Чарлс во галеријата „Филип Молд“ во Лондон.

 

Кралското друштво за спречување на суровост кон животните вети дека животните на фармите што ја носат нивната етикета ќе имаат повеќе простор за движење и нема да бидат чувани во кафези.

Animal Rising, од друга страна, тврди дека нашол „сериозна суровост кон животните“ на сите фарми што ги посетиле. Тие исто така тврдат дека Кралското друштво ја прикрива „суровоста во индустриски размери“.

Активистите на таа група на својата веб-страница наведуваат дека се ненасилна организација, која се залага за „итна транзиција кон одржлив и праведен систем на храна од растително потекло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK