(Видео) Страшно невреме во Австрија, поради обилни поплави луѓето останаа заробени на покривите на автомобилите

Screenshot-2024-06-09-141648.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







По силното невреме во делови на Австрија, некои избирачки места за изборите за Европскиот парламент беа недостапни или уништени од силното невреме.

Ова беше случај со избирачките места во јужната провинција Штаерска, поточно во селото Дојфајстриќ со околу 4.000 жители северно од Грац, изјавија властите за АПА.

Властите реагираа многу брзо и ги преместија погодените избирачки места, јави АПА.

Според надлежните, тоа не се очекува да влијае на изборите.

Силно невреме го погоди регионот на Штаерска во саботата навечер. Поплавите оштетија куќи и однесоа автомобили. Реката Убелбах се излеа од коритото по обилните врнежи, а метеоролозите објавија дека во регионот за краток период наврнале повеќе од 100 милиметри дожд.

Свлечиште го зафати автопатот кај Грац, кој поради купот нечистотија и ѓубре беше затворен во двата правци. Силните ветрови предизвикаа и бројни дрвја да завршат на патиштата, што доведе до затворање на неколку патишта, изјави портпаролот на полицијата.

Противпожарните единици беа распоредени во голем број за да се справат со штетите, со повеќе од 800 операции поврзани со невремето само околу Грац, објави весникот „Клајн цајтунг“.

Домот за стари лица во Нојдау во Штаерска е евакуиран бидејќи бил под вода. Портпаролот на цивилната заштита за АПА изјави дека „вкупно 40 луѓе се евакуирани на безбедно“.

Додека времето во текот на денот првично се смируваше, метеоролозите предупредија на можни нови грмежи во текот на денот, особено во регионот на Западен Тирол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK