(Видео) Драма на аеродром во Иран: механичар бил вовлечен во моторот на авион

Screenshot-2024-07-09-141922.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Страшна драма се одвивала на меѓународниот аеродром Чар Бахар, на југот на Иран, во Оманскиот залив, кога механичар бил вовлечен во моторот на авионот кој работел за време на одржување.
Авионот „Боинг 737-500“ на иранската домашна компанија „Вареш ерлајнс“ пристигнал според планираното од иранската престолнина Техеран рано наутро во 7 часот и 15 минути и безбедно слетал во Чар Бахар. Откако сите патници и членови на екипажот се симнале, механичарот Аболфазл Амири почнал да работи на рутинското одржување.

Иако околу моторот секогаш има безбедносен простор за заштита на луѓето од несреќи, Аболофазл Амири поминал низ него бидејќи ги заборавил алатите на моторот. Во тој момент го вшмукал моторот.

Механичарот немал шанса да побегне од моторот што работел а работите да бидат уште полоши, избувнал и пожар.

Иако противпожарната бригада на аеродромот брзо се нашла на местото на несреќата и го изгаснала пожарот, спасувачите успеале да ги извлечат само остатоците од мажот, пренесува „Билд“.

Иранските воздухопловни власти наредија истрага за несреќата.

Слични несреќи се случија на аеродромите во САД и во Холандија. Во мај, на аеродромот Шипхол во Амстердам, еден човек беше вшмукан во турбината кога авионото беше подготвен за лет за Билунд, Данска. Сепак, истрагата неколку дена подоцна откри дека вработениот на аеродромот извршил самоубиство.

Во 2023 година, мајка на три деца Кортни Едвардс беше фатена во мотор на регионалниот аеродром Монтгомери во САД затоа што премногу се доближила до авионот. Таа починала на местото на несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK