Швајцарската влада ја прошири листата на санкции против Русија

fdhz.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Швајцарија го прошири списокот на санкции против Русија за да вклучи дополнителни мерки кои неодамна ги усвои ЕУ, соопшти денеска владата на земјата.

Повикувајќи се на пакетот антируски санкции усвоен од ЕУ на 24 јуни, швајцарското Министерство за економија објави дека ќе воведе санкции против дополнителни 69 физички лица и 86 субјекти, пренесува Ројтерс.

„Овие санкции главно се насочени кон бизнисмени, пропагандисти, припадници на руските вооружени сили и судство, лица одговорни за депортацијата на украинските деца и членови на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ)“, се вели во соопштението, додавајќи дека во моментов повеќе од 2.200 физички и субјекти се опфатени со санкции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK