(Видео) Балони, џиновски портрети, почесна гарда: Северна Кореја му посака добредојде на Путин

Screenshot-2024-06-19-092508.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Воодушевени толпи го поздравија претседателот Владимир Путин за време на раскошниот прием во Пјонгјанг, каде севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изрази „целосна поддршка“ за руската војна во Украина и вети посилни стратешки врски со Москва.

Путин се состана со Ким Џонг Ун на редок самит чија цел беше зајакнување на партнерството за да се спротивстави на американскиот притисок и санкции. Почесна гарда, вклучително и коњаница и толпа цивили се собраа на плоштадот покрај реката Таедонг, која минува низ главниот град, покажа видеото што го емитуваа руските медиуми.

Сцените вклучуваат деца кои држат балони и џиновски портрети на двајцата водачи со национални знамиња што ја красат Големата народна сала. Ким и Путин потоа биле однесени во палатата Кумсусан на разговори на самитот, објавија руските медиуми.

Фотографиите на државните медиуми ги прикажуваат улиците на Пјонгјанг украсени со портрети на Путин и фасадата на недовршениот и празен хотел Рјуѓонг во облик на пирамида од 101 ката, светло осветлен со џиновска порака „Добре дојдовте Путин“.

Денешната агенда вклучува разговори меѓу двајцата лидери, како и свечен концерт, државен прием, потпишување документи и изјава за медиумите, јави руската новинска агенција Интерфакс, цитирајќи го советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK