Училиштата треба да ги подготвуваат учениците за војна, вели германската министерка за образование

Screenshot-2024-03-16-205430.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Учениците во Германија мора да бидат подобро подготвени да се соочат со сите видови потенцијални кризи и катастрофи, вклучително и војна, изјави германската министерка за образование Бетина Старк-Ватцингер, јавува Дојче веле.

Старк-Ватцингер нагласи дека училиштата треба да се занимаваат со цивилна одбрана, додавајќи дека целта мора да биде „јакнење на нашата отпорност“.

„Општеството Како Целина Мора Да Биде Добро Подготвено За Кризи – Од Пандемии, Природни Катастрофи До Војна“, истакна таа.

Старк-Ватцингер се осврна на вежбите за цивилна одбрана спроведени во училиштата во други земји, како што е Велика Британија, сметајќи дека Германија може да го стори истото.

Министерката повика и на развивање на „опуштен“ однос меѓу учениците и вооружените сили. Таа предложи воени лица да ги посетат училиштата за да објаснат што „Бундесверот (вооружените сили) прави за нашата безбедност“. Потенцира дека не може да го разбере отпорот на таквата практика.

На службеници на Бундесверот во моментов им е дозволено да ги посетуваат училиштата во Германија на покана од наставници или училишни администратори. Старк-Ватцингер, исто така, повика да се запознаат младите луѓе во Германија со заканите по слободата со цел подобро да се подготват за справување со таквите опасности. Според неа, ова не треба да биде посебен училишен предмет, туку дел од наставната програма.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK