Соединетите Американски Држави го поканија рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Г20 што ќе се одржи во близина на Мајами во декември, а Кремљ објави дека Москва ја примила поканата со благодарност и ќе ја разгледа.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, објави дека Вашингтон го поканил Путин на самитот и изрази надеж дека рускиот претседател ќе ја прифати поканата, пишува Гардијан.
„Го поканивме претседателот Путин на Г20. Сметаме дека ова е можност за него да се вклучи не само со (американскиот претседател Доналд) Трамп, туку и со други светски лидери. Се надеваме дека ќе ја прифати поканата“, рече Рубио на прес-конференција по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој рече дека тоа би била можност Путин да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, како и со други светски лидери.
„Ја слушнавме таа покана, благодарни сме на американската страна за неа и ја поздравуваме“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Спутник.
Песков додаде дека руската страна ќе ја разгледа поканата и преку соодветни канали ќе разговара со американската страна за можноста за нејзино прифаќање.
Г20 е форум на најголемите економии во светот и ги вклучува Европската Унија, Кина, Индија, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и други големи земји.
Самитот на Г20 треба да се одржи на 14 и 15 декември во голф-клубот „„Trump Nationa Doral”“ во близина на Мајами, пренесува Танјуг.