Мурињо урна рекорд во Ла Лига


madrid-spain-september-2026-league-depositphotos_906074526_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид синоќа убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ во 12-то коло од Ла Лига. Со оваа победа, тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Португалецот ја забележа 97-та во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти.

Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето во оваа категорија нема поголем процент на победи.

Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти.

Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1 отсто (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 натпревари.

Флик забележа 69 победи во 87 натпревари.

Foto/ depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK