(Видео) Реми во Амстердам, Дувикас ја шокира Србиија, атомски фудбал во скандинавското дерби

Холандија и Германија одиграа 1:1 во дербито од првиот ден, во Лигата на нации. Норвешка го доби скандинавското дерби против Данска со 3:2, Португалија минимално го победи Велс со 1:0, а Србија доживеа целосен шок во Белград, загубија од Грција (1:2), со гол во 95-та минута. Вистинска војна водеа Холандија и Германија во Амстердам. На клупите на овие репрезентации како …

Continue Reading

Почувствуван земјотрес во Битола, Ресен и околината, епицентарот во Грција

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Земјотресот беше почувствуван во југозападните делови на Републиката, Битола, Ресен и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка …

Continue Reading

Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионот

Попладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство. Акцентот на средбата беше ставен на реформските …

Continue Reading

(Видео) Десетици делегати ја напуштија салата додека Нетанјаху говореше во ОН

Десетици делегати денеска ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го започнуваше својот говор, во знак на протест против израелската политика. На напуштањето на салата претходно повикала палестинската делегација. Додека дел од претставниците излегуваа, од салата се слушаа негодувања и свирежи. Претседавачот повика на ред. Нетанјаху им порача на оние што заминаа: „Ако во …

Continue Reading

Трамп по средбата со Ши: Имавме одличен разговор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата со кинескиот претседател Ши Џинпинг била одлична, откако двајцата лидери разговараа во Белата куќа. Ши на средбата изјавил дека Кина го поддржува враќањето на Соединетите Американски Држави и Иран кон договорот постигнат во јуни, чија цел беше завршување на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа. Кинескиот …

Continue Reading

Претседателот на Јужна Кореја ја критикуваше Украина затоа што обелодени доверлива информација

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, ја обвини Украина дека го прекршила договорот за доверливост со тоа што објавила дека двајца севернокорејски воени заробеници, заробени од украинските сили, биле префрлени во Јужна Кореја. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно соопшти дека Украина ги заробила двајцата војници во јануари 2025 година во руската област Курск. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека севернокорејските …

Continue Reading

Евролигата започна со драматични победи на Дубаи и Баерн

Натпреварите Дубаи-Реал и Хапоел-Баерн ја отворија новата сезона во кошаркарската Евролига. Двата натпревари беа решени во драматични завршници, Дубаи го победи Реал со 78:77, а Баерн го изненади Хапоел (86:84). Хапоел Тел Авив доживеа дебакл против Баерн на домашен терен во Софија, бидејќи беа поразени со резултат 86:84. Екипата на Димитрис Итудис влезе во овој натпревар како голем фаворит, и …

Continue Reading

Пет хороскопски знаци ги очекуваат големи промени до 25 октомври

Пет хороскопски знаци би можеле да почувствуваат значајни промени во љубовта, финансиите и кариерата додека Венера престојува во Шкорпија до 25 октомври 2026 година. Според астролошките толкувања, овој период носи поголема самодоверба и потреба за промени, особено во односите и начинот на кој се управува со парите. Шкорпија Со Венера во нивниот знак, Шкорпиите влегуваат во поволен период за љубовта …

Continue Reading

Руте: НАТО има планови за одговор на руските саботажи и инцидентите со дронови

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека Алијансата има планови за одговор на акти на саботажа и инциденти со дронови. Од друга страна, данската разузнавачка служба предупреди на ескалација на руската хибридна кампања. Руте рече дека НАТО е способен да одговори на таквите закани и дека граѓаните на 32-те земји членки можат да бидат спокојни. Говорејќи во Њујорк …

Continue Reading