Северна Кореја истрела 10 проектили кон Јапонското Море

Иран-ѝ-испорачал-на-Русија-околу-400-балистички-ракети.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Северна Кореја лансираше ракети кон Јапонското Море, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

„Нашата војска го зголеми надзорот и будноста и тесно споделува информации поврзани со севернокорејските балистички ракети со американските и јапонските власти“, објави јужнокорејската војска.

Северна Кореја вчера беше обвинета дека преку границата со Јужна Кореја испратила стотици балони со отпад и измет. Во понеделникот, Северна Кореја објави неуспешен обид да лансира сателит во вселената.

На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Тензиите на Корејскиот полуостров повторно се зголемија во последните месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK