„Волстрит журнал“: Трамп му ја понуди на Маск функцијата советник за економија и граници

tramp-i-ilon-mask.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Доналд Трамп размислува да го избере милијардерот Илон Маск за политички советник доколку републиканскиот претседателски кандидат повторно влезе во Белата куќа на изборите во ноември, објави денеска „Волстрит журнал“ цитирајќи луѓе запознаени со разговорите.

Двајцата разговараа за начините на кои Маск, кој ги предводи „Икс“, „Спејс икс“ и „Тесла“, ќе има формален придонес и влијание врз економските и граничните безбедносни политики, објави весникот.

Се вели дека Маск го информирал Трамп дека води кампања за да ги убеди моќните американски бизнис лидери да не го поддржуваат демократскиот претседател Џо Бајден, кој го победи Трамп на изборите во 2020 година и бара втор мандат.

Според  „Волстрит журнал“, Трамп и Маск разговарале и за финансирање на „проект за спречување на измама на гласачите“.

Претставниците на Трамп и Маск не одговорија веднаш на барањата за коментар, ниту пак претставниците на кампањата на Бајден.

Портпаролот на кампањата на Трамп, Брајан Хјуз, изјави дека само Трамп ќе одлучи „каква улога ќе има одреден поединец во неговото претседателствување“.

Маск во последните години се повеќе ги поддржува републиканците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK