Се огласи сопругата на Асанж: Децата се уште не знаат дека Џулијан е излезен од затвор, ќе викаат од покривите кога ќе им кажам

Screenshot-2024-06-25-105004.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сопругата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж – Стела Асанж денеска изјави дека нивните две деца се уште не знаат дека тој ќе биде ослободен.

Таа рече дека никој нема да може да ги спречи децата на пет и седум години да „викаат од покривите“ кога ќе дознаат, пренесува Гардијан и потсетува дека одлуката за ослободување мора да биде потпишана од судија. Како што рече, „полека и постепено им ги пренесува информациите“.

„Сепак, тие се многу возбудени што се во Австралија“, рекла Стела и додала дека неодамна пристигнале од Лондон.

Сопругата на Асанж, адвокатка, додава дека напредокот во процесот се случил кога Високиот суд во Лондон почнал да ја разгледува неговата уставна одбрана.

„Тогаш видовме чекор напред во однос на договорот меѓу страните“, рече таа, додавајќи дека е „ограничена“ во она што може да го каже за начелниот договор со американското Министерство за правда.

Таа, сепак, потврди дека договорот вклучува Асанж да се изјасни за виновен по едно обвинение, кое се однесува на Законот за шпионажа. На прашањето дали ќе биде слободен човек, Стела Асанж повтори дека мора да биде потпишан од судија.

„Кога судијата ќе го потпише, тогаш тоа е формално реално“, рече таа.

Џулијан Асанж се согласи да се изјасни за виновен по едно обвинение за заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана. Со години, американската влада тврдеше дека досиејата на Викиликс – кои открија информации за војните во Ирак и Авганистан – ставаат животи во опасност.

Тој беше обвинет во САД за време на администрацијата на Доналд Трамп, а обвинителите првично сакаа да му судат по 18 точки, пренесува медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK