Раководството на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, објави дека украинските сили гранатирале критична инфраструктурна постројка во најголемата нуклеарна централа во Европа.
Експлозивната направа паднала во близина на оградата каде што се наоѓаат резервоарите за дизел гориво, соопшти фабриката, додавајќи дека таквите напади се „неприфатливи“.
Не е познато кога се случил наводниот напад, пренесува Ројтерс. Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, повеќепати предупредуваше на опасност од напад на оваа нуклеарна централа.
Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за претходното гранатирање, при што беа срушени далноводи и беа загрозени генераторите на електраните.