Лајчак: В четврток продолжуваат разговорите меѓу Белград и Приштина

Лајчак-по-средбата-со-Вучиќ-Разговаравме-за-следните-чекори-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, потврди дека в четврток, на 4 април, ќе продолжат разговорите во Брисел како дел од дијалогот за одлуката за укинување на динарот и изрази надеж дека „преостанатите разлики“ ќе бидат надминати.

„Двете страни ќе се вратат во Брисел оваа недела и се надевам дека ќе успееме да ја премостиме преостанатата разлика во четврток“, рече Лајчак во пораката на Фејсбук.

Сумирајќи ја изминатата недела, Лајчак оцени дека претходната средба на главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бисљими на 25 март била конструктивна и дека е заклучено дека е потребна уште една средба.

„Сè на сè, тоа беше корисна средба. Двете страни имаа можност да ги образложат своите идеи и позиции. На крајот заклучивме дека ќе биде неопходна уште една средба“, рече Лајчак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK