Кралот Чарлс: Ова во Израел е варварство и тероризам, чист ужас

Кралот-Чарлс-Ова-во-Израел-е-варварство-и-тероризам-чист.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Британскиот крал Чарлс е ужаснат од варварските терористички акти во Израел, изјави портпаролот на Бакингемската палата, по нападот на Хамас врз Израел.

„Неговото височество е многу загрижено за оваа ситуација и побара активно да се информира за развојот на настаните. Неговите мисли и молитви се со сите оние кои страдаат, особено оние кои ги загубија најблиските, но и оние кои се активно вклучени додека зборуваме“, рече портпаролот.

Бројот на израелски жртви се искачи на 1.200 загинати и повеќе од 2.700 повредени, објави израелската армија. Властите на Хамас во Газа објавија дека во израелските напади врз Појасот Газа загинале 1.055 луѓе, а 5.184 се повредени.

Британскиот крал разговараше со израелскиот претседател Исак Херцог и јорданскиот крал Абдула за лично да ја изрази својата загриженост за оние кои страдаат. Во 2020 година, Чарлс беше во официјална посета на Израел и окупираните палестински територии.

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт исто така ги осудија настаните во Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK