Кирби: Рестриктивните закони за абортус ја загрозуваат службата во американската војска

kirbi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рестриктивните закони за абортус во сојузните држави како Алабама ја загрозуваат службата на многу војници во американската војска и влијаат на моралот, соопштија синоќа од Белата куќа.







Администрацијата на претседателот Џо Бајден се обидува да го зголеми притисокот врз Сенатот по воведувањето рестриктивни закони за абортус во многу републикански држави.

Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации при Советот за национална безбедност изјави дека неодамна разговарал со активни членови, вклучително и некои сопружници, кои му рекле дека рестриктивните закони за абортус во многу сојузни држави влијаат на нивната подготвеност да служат во војската

-Значи ако мислите дека нема да има проблем со служењето и моралот, размислете повторно, бидејќи веќе има таков ефект, рече Кирби на брифингот со новинарите, но не даде конкретни бројки.

Републиканскиот сенатор од Алабама, Томи Тубервил, блокира повеќе од 250 назначувања во американската војска поради политиката за абортус на Пентагон, според која се обезбедува платено отсуство и трошоци за надомест за припадниците на војската кои мора да патуваат за да извршат ваква процедура.

Војската веќе го преместува персоналот за да ги пополни вишите функции во време кога Сенатот прави задршки, јавуваат дел од американските меиуми. Генералот Чарлс Браун помладиот, номиниран од Бајден за шеф на Здружениот генералштаб, минатата недела на сослушивање во Сенатот изјави дека со пречките на Тубервил војската „губи талент“.

Ограничувањата на абортусот во Алабама и во голем број други сојузни држави се зголемија откако лани во јуни Врховниот суд на САД го укина „Роу против Вејд“, правен преседан од 1973 година според кој уставот го гарантира правото на абортус, со што на федерално ниво се стави крај на ова право.

Речиси сите републикански држави се повикаа на оваа одлука и воведија рестриктивни закони за абортус.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK