(Видео) Вака не оди, Македонија загуби и од Шкотска


14336421.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Македонија во третото коло, го доживеа третиот пораз во Лигата на нации. Во Б дивизијата, во Групата 1, Шкотска ја победи Македонија во Скопје со (1:0).


Кризата на националниот тим по дуелот со Шкотска дополнително се продлабочи. Шкотите доминираа во текот на целиот натпревар, константно вршеа притисок кон голот на Димитиревски, кој имаше еден кикс во првото полиувреме, но повторно беше најдобар во нашата репрезентација. Имаше неколку интервенции со што спречи поубедлив пораз.

Македонија на Гоце Седлоски нема игра, нема концепција, а нема ниту квалитет, особено за ова ниво на Лигата на нации. Под водство на Седлоски Македонија нема победа на седум натпрревари и не успеа да постигне гол. Вкупно Македонија на 11 натпревари нема победа, последната е на 5 септември минатата година, а нема постигнато гол 697 минути.

Се реши селекторот за формација со тројца во последната линија, со крилни бекови, тројца во редот за врска и двајца во нападот.

Иста формација играа и Шкотите, но кај нив таа функционираше. Се наметнаа од самиот старт и притискаа. Само Робертсон во првите 13 минути три пати се закани со опасни удари од далечина.

Некаде меѓу првиот и вториот негов удар, Боуви, во седмата минута од 20 метри испрати прецизен удар, кој заврши во самиот агол.

https://topsport.mk/wp-content/uploads/2026/10/mkd-sco-0-1-1.mp4

Голот дополнително ја зголеми агресивноста на шкотските фудбалери и го принуди Седолски веќе во 30-та минута да направи двојна замена.

Цехот за лошата и неорганизираната игра го платија Ерера и Станковски. Прашање за селекторот е зошто кога веќе заменаи двајца играчи не ја смени и формацијата. Замените Џеков и Атанасов не придонесоа со ништо, до крајот на полувремето и двајцата добија по жолт картон.

Вториот дел се играше по исто сценарио, судијата Летисије два пати гледаше ВАР, првиот пат Македонија се спаси од пенал, по дуелот меѓу Гаштаров и Доак, но во втората ситуација не.

Во 70-та минута, играчот на Астон Вила, Мекгин лесно го реализираше пеналот.

Надеж дека Македонија мпже да постигне барем гол, донсе црвениот картон на Мекена, по грубиот старт врз Елези во 83-та минута. До крајот не се случи ништо конкретно.

По три рунди во Групата 1, Македонија е без освоен бод и е на пат експресно да се врати во Ц дивизијата. Лидер во групата е Швајцарија со девет бода, Шкотска и Словенија освоија по четири.

Foto/  EPA/GEORGI LICOVSKI

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK