Приведен 35-годишник во Чашка со трактор полн со бесправно исечени огревни дрва


drva-zaplena-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата вчера попладне привела 35-годишен жител на село Мелница, откако кај местото „Мелничка Река“, во атарот на село Голозинци, Чашка, бил затекнат со трактор натоварен со огревни дрва без соодветни ознаки и документација.


С.А. бил запрен околу 17:40 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чашка. Тој управувал трактор „Форд“ без регистарски ознаки, со приколка, а со него во возилото бил и 17-годишен малолетник од Мелница.

При контролата било утврдено дека во тракторот имало натоварено огревни дрва без жиг и боја и без соодветна документација. При пребарување на теренот каде што била извршена нелегална сеча, полицијата пронашла и дополнителна количина бесправно исечени дрва.

Дополнително било утврдено дека 35-годишникот го управувал тракторот без да поседува возачка дозвола.

По насоки на јавен обвинител, тракторот и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.

С.А. бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK