Јапонија повторно се тресе, заблежано и помало цунами – нов силен потрес од 6,6 степени ја погоди азиската земја

Јапонија-повторно-се-тресе-заблежано-и-помало-цунами-–-нов.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јапонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер, а властите веднаш издадоа предупредување за цунами.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина од 10 километри од Ториши, на околу 580 километри јужно од Токио.

Земјотресот во Јапонија не е почувствуван на околните острови и во регионот на Токио, но метеоролошката агенција предупреди дека цунами до 1 метар може да ги погоди крајбрежните области на островот. Предупредувањето подоцна било повлечено, пренесува јапонската агенција Kyodo.

Само помало цунами од околу 30 сантиметри е забележано на островот Хачиџо, на околу 290 километри јужно од Токио, објави Јапонската метеоролошка агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK