Езеро се излеа во Индија – повеќе од сто исчезнати, има и мртви

Езеро-се-излеа-во-Индија-–-повеќе-од-сто-исчезнати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку 14 лица загинаа, а 102 се исчезнати во североисточна Индија, кога поради обилните дождови се излеа езеро, предизвикувајќи поројни поплави по планинската долина.

Катастрофата погоди повеќе од 22.000 луѓе, соопштија властите, и е последна во серијата смртоносни временски настани во планините во Јужна Азија, за кои се смета дека се предизвикани поради климатските промени.

Акциите за пребарување се преземаат во услови на континуирани врнежи и надојдената река Тееста која на повеќе места однесе патишта и мостови“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.

Дождот за краток период падна кај глечерното езеро Лонак, предизвикувајќи поројни поплави по долината, околу 150 километри северно од Гангток, главниот град на државата Сиким, во близина на границата со Кина. Државната агенција за справување со катастрофи соопшти дека 26 лица се повредени, а 102 се водат за исчезнати. Реката однела најмалку единаесет мостови.

Снимките од новинската агенција АНИ покажуваат надојдена вода се проширила во урбаните средини каде што неколку куќи се урнати, воени бази и други објекти се оштетени, а возила се потопени. Метеоролошкиот оддел предупреди на дополнителни лизгања на земјиштето бидејќи се очекуваат обилни дождови во делови од Сиким и соседните држави во следните два дена.

Други планински области на Индија, како и делови од соседните Пакистан и Непал, беа погодени од поројни дождови, поплави и лизгање на земјиштето во последните месеци, при што загинаа десетици луѓе. Минатата година Пакистан ги обвини климатските промени за невидени поплави предизвикани од историските монсунски дождови кои однесоа патишта, земјоделски култури, инфраструктура и мостови и загинаа најмалку илјада луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK