(Видео) „Зошто не можеме да влеземе?“ – Н1 пред просториите на наводен кол-центар на СНС, под сомнеж за притисок врз гласачите


screenshot-2026-10-25-122124.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Екипа на српската телевизија Н1 не доби дозвола да влезе во просториите на улицата Скадарска 51 во Белград, откако граѓани пријавиле сомнежи дека таму се наоѓа кол-центар на Српската напредна партија (СНС) од кој наводно се врши притисок врз гласачите.


Новинарската екипа ја посети адресата по повик од граѓани, но лицата што се наоѓаa внатре ја одбиja нejзината молба да влезе.

На снимката што ја објави Н1 се гледа како присутните го блокираат влезот, а потоа ги спуштаат и ролетните.

Новинарката кажа дека во просторијата забележала списоци на масите, како и лица за кои претпоставила дека телефонски контактираат со граѓани. Таа посочи дека лицата облечени во црно им го попречувале погледот кон внатрешноста.

„Не можеме со сигурност да тврдиме, но видов дека вршат повици и претпоставуваме, врз основа и на пријавите од граѓаните, дека се врши притисок врз гласачите“, изјави новинарката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK