УНХЦР до владите во светот: Не враќајте ги луѓето во Судан, има жестоки борби

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот комесаријат за бегалци на ОН денеска ги повика владите во светот да не ги враќаат цивилите од Судан во земјата разурната од конфликтот, каде завојуваните страни продолжуваат насилно да се борат со кршење на примирјето.







– Ги советуваме владите да не ги враќаат луѓето во Судан поради тамошниот тековен конфликт, рече Елизабет Тан, директорка во УНХЦР задолжена за меѓународна заштита.

Ова се однесува на судански државјани, странски државјани, вклучително и бегалци кои се преселени во Судан, лица без државјанство, како и оние кои немаат пасош или друга форма на идентификација“, рече Тан на брифинг со новинарите во Женева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK