Индиски министер: Светот мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот


Screenshot-2025-05-07-065644.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По индиските напади врз она што властите го опишаа како „терористичка инфраструктура“ во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир, индискиот министер за надворешни работи Субрахманјам Џајшанкар изјави на платформата Икс дека „светот мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот“.


Да потсетиме, Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир, а Исламабад одговори со тврдење дека соборил пет индиски борбени авиони, во најсериозниот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните дваесет години.

Индиската страна објави дека биле погодени девет цели поврзани со „терористичка инфраструктура“.

Пакистан, од друга страна, тврди дека биле нападнати шест локации, дека осум лица се убиени, а 35 се ранети, додека двајца се водат како исчезнати.

Индиски извор од одбраната за Ројтерс изјави дека целите биле штабовите на екстремистичките групи Џаиш-е-Мохамед и Лашкар-е-Таиба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK