ИДФ: Околу 90 милитанти на Хамас убиени во нападот на болницата Ал Шифа во градот Газа

Израелци-Заложници-не-довикуваа-на-помош-мислевме-дека-е-заседа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелските одбранбени сили (ИДФ)  објавија дека досега убиле околу 90 милитанти на Хамас во тековниот напад на болницата Ал Шифа во градот Газа.

ИДФ соопшти дека за време на операцијата, која започна во понеделникот наутро, израелските сили во вторник елиминирале терористи и лоцирале оружје во областа на болницата, притоа спречувајќи повреди на цивили, пациенти и медицински тимови, објави „Тајмс оф Израел“.

ИДФ истакнува дека израелските разузнавачки агенти испрашувале повеќе од 300 осомничени терористи во болничкиот комплекс и дека повеќе од 160 од нив биле однесени во Израел на дополнително испрашување.

Израелската војска изврши рација во болницата откако разузнавачките служби покажаа дека оперативците на Хамас, вклучително и команданти, се вратиле во комплексот за да го користат како команден центар за планирање напади врз Израел и израелските трупи во Газа.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK