Хјуман рајтс воч: Апсењето демонстранти во Лондон е исклучително загрижувачко

hrw_2342342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Хјуман рајтс воч остро го критикуваше саботното апсење од страна на британската полиција на демонстранти против крунисувањето на кралот Чарлс Трети со квалификација – „исклучително загрижувачко“.







„Ова е нешто што би очекувале да го видите во Москва, а не во Лондон“, наведоа ХРВ, напаѓајќи ја владата на Обединетото Кралство за нејзиниот „сè повеќе одбивен“ став кон јавните демонстрации.

Британската полиција го уапси Греам Смит, водачот на антимонархистичката организација Република, денеска пред крунисувањето на кралот Чарлс Трети, изјави портпарол на групата.

Началникот на лондонската полиција, Марк Роули, вчера предупреди дека „толеранцијата за нарушување“ ќе биде „многу ниска“ на улиците во центарот на британската престолнина, каде што десетици илјади луѓе се собраа да ја следат кралската поворка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK