Експлозии во близина на Киев втора ноќ по ред

kiev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку експлозии се слушнале рано утрово во Киев, објави градоначалникот Виталиј Кличко, на вториот ден од руските воздушни напади врз градот.







„Ракетата е соборена во близина на Киев. Провоздушната одбрана работи“, напиша Кличко на Телеграм.

Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина. Во текот на ноќта во неделата, Денот на градот Киев, Украина собори 58 од 59 лансирани беспилотни летала од иранско производство, објави украинската војска, прогласувајќи го за еден од најголемите напади до сега. Тоа беше и првиот смртоносен напад во мај – загина 41-годишен маж, а најмалку две лица беа повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK