Сирија тврди дека соборила ракети што Израел ги истрелал во околината на Дамаск

damask
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сириските државни медиуми јавуваат дека противвоздушната одбрана на земјата вчера се соочила со израелски ракетен напад во околината на главниот град Дамаск, при што немало жртви.







Повикувајќи се на извор од сириската армија, државните медиуми јавија дека Сирија била нападната од правец на окупираната Голанска Висорамнина и оти биле гаѓани неколку цели кои не се идентификувани.

– Нашата противвоздушна одбрана се соочи со ракетите на агресорот, соборувајќи неколку од нив само со материјална штета, тврди воен извор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK