Ракометарите на Вардар, во четвртото коло го забележаа четвртиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Полска, Висла го победи Вардар со 33:32.
Првите 20 минути од првиот дел го одреди текот на натпреварот. Висла демонстрираше добра игра во одбраната, дојде до предност 14:6. Успеа Вардар некако да го спушти минусот на три гола до крајот на полувремето.
Во втроиот дел Висла најчесто имаше предност од три гола, Вардар успеа да се доближи дури во самиот финиш. Воркапиќ од седмерец намали на 33.32 на 20 секунди до крајот, но повеќе немаше време за црвено-црните да го избегнат поразот.
Данецот Бјер со седум гола ја предводеше Висла, кај Вардар најефикасни беа Малус со девет и Воркапиќ со осум гола.
Foto/ facebook.com/rkvardar