Париз доби временска прогноза за загадување со пластика, денеска врз градот ќе паднат 40 килограми

pariz-vremenska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дипломати од 175 земји кои денеска ќе се соберат во Париз за да преговараат за договор за забрана на загадувањето со пластика, најверојатно ќе донесат со себе чадори. Но не само поради дождот.







Врз француската престолнина ќе истури дожд од милијарди микропластични честички од небото за време на петдневните разговори, според првата временска прогноза за загадување со пластика.

Предвидените „врнежи“ ќе изнесуваат од 40 до 48 килограми пластични честички што слободно лебдат и ќе го прекриваат Париз на секои 24 часа. Ако времето донесе силен дожд, „пластичните врнежи“ најверојатно десеткратно ќе се зголемат.

– Тоа треба да биде фокот на вниманието на преговарачите, рече Маркус Гувер од австралиската фондација Миндеро, која се занимава со истражување на пластика.

„Пластичните честички предизвикуваат незамислива штета по здравјето“

„Пластичните честички се распаѓаат во околината, а овој токсичен коктел завршува во нашите тела каде што предизвикува незамислива штета врз здравјето.

Загриженоста поради влијанието на пластиката врз животната средина и човековата благосостојба вртоглаво порасна во последниве години, заедно со сè поголемиот број истражувања кои ја документираат нејзината сеприсутност и упорност.

Во природата, повеќенаменската микропластика – чиј пречник е помал од пет милиметри – е пронајдена во мразот во близина на Северниот пол и кај рибите кои пливаат во најдлабоките и најтемните делови на океанот.

Програмата за животна средина на Обединетите нации проценува дека пластичниот отпад убива повеќе од милион морски птици и 100.000 морски цицачи секоја година, а сините китови кои се хранат со филтрирање консумираат до 10 милиони парчиња микропластика секој ден.

Главите во песок

Секоја минута во океанот се фрла еден камион пластично ѓубре. Микроскопски пластични честички се откриени во човечкото тело во крвта, мајчиното млеко и плацентата.

Тестовите на животни ги поврзаа хемикалиите во микропластиката со зголемен ризик од рак, репродуктивни проблеми и мутации на ДНК, но податоците за влијанието врз луѓето сè уште недостасуваат.

„Пластиката за која најмногу треба да бидеме загрижени во нашите тела е веројатно онаа помеѓу 10 нанометри и еден микрометар“, вели педијатарот Христос Симеонидес од клиничката детска болница Мардок во Мелбурн.

„Таквата пластика најверојатно ќе помине низ биолошките мембрани во ткивата, вклучувајќи ја и крвно-мозочната бариера“, изјави тој за АФП. „Дури сега ги вадиме главите од песокот кога станува збор за опасностите по здравјето од микропластиката.

Временската прогноза за Париз следната недела се однесува само на значително поголеми честички, главно синтетички влакна со должина од најмалку 50 микрони.

За споредба, човечкото влакно е приближно 80 микрони (или 80.000 нанометри) во дијаметар.

Методот развиен од истражувачите на фондацијата Миндеро не ги мери пластичните честички што паѓаат низ атмосферата во реално време. Се заснова на истражување спроведено во Париз во 2015 година, каде примероци биле собрани од различни локации во текот на годината и анализирани во лабораторија.

Девствена пластика

Повеќето од пластичните честички што паѓаат на површината во Париз доаѓаат од најлон и полиестер, веројатно и облека. Другите честички потекнуваат од гумите, кои ги ослободуваат особено при сопирање на возилото.

Се проценува дека во текот на годината во областа на Париз паѓаат до 10 тони микропластични влакна.

Густината на „пластичниот пад“ може да се зголеми десеткратно при обилни дождови. Мерењата направени од други тимови ги потврдија овие наоди во десетина градови низ светот. Микропластиката што паѓа на земја сè уште може да се внесе во организмот или да се вдише кога се меша во ветровити денови.

Минатата година, 175 земји се согласија да воспостават правно обврзувачки договор за борба против загадувањето со пластика, со цел преговорите да завршат до 2024 година.

Не се очекуваат значајни промени во техничките разговори што ќе почнат денеска, но главните политички дебати ќе вклучуваат глобална забрана за пластични предмети за еднократна употреба, шема „загадувачот плаќа“ и данок за производство на нова или „девствена“ пластика.

Според експертите и зелените организации кои се залагаат за директни ограничувања на производството на пластика, овие политики – дури и ако се целосно имплементирани – можеби не се доволни за намалување на потрошувачката.

Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), врз основа на актуелните трендови, годишното производство на пластика базирана на фосилни горива ќе се зголеми речиси тројно до 2060 година на 1,2 милијарди тони, додека отпадот ќе надмине една милијарда тони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK