Болтон: Странските лидери сметаат дека Трамп е смешна будала, нема рационална личност која верува дека војната може да се запре за 24 часа

bolton
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност во Белата куќа предводена од Доналд Трамп, за својот поранешен шеф синоќа изјави дека е неподобен да биде претседател и дека лажно тврди дека ако стане претседател може да ја запре војната за 24 часа.







Трамп влезе во трката за номинација за претседателски кандидат од редовите на републиканците за претседателските изборите закажани за ноември 2024 година.

-Трамп не е подобен за претседател. Нема рационална личност која верува дека Русите и Украинците може да се договорат за нешто за 24 часа, изјави Болтон во интервју за Си-ен-ен.

Изјавата доаѓа откако во своите јавни настапи Трамп неколкупати досега кажа дека ако стане претседател може да ја запре војната за 24 часа.

Болтон укажа на детали за односите на Трамп со странските лидери, како оние на Кина и Русија, велејќи дека тие гледале на Трамп со потсмев.

-Впечатокот дека противниците високо го ценеле Трамп не е точен. Светските лидери, особено автократските, сметаат дека Трамп е смешна будала, изјави Болтон, алудирајќи на средбите што Трамп ги имал со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг а на кои тој бил присутен.

Според него, доколку Трамп извојуваше втор претседателски мандат на изборите во 2020 година, воената алјанса НАТО би била уште поослабена и Русија би била многу поолабавена во својата инвазија на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK