За погребот на кралицата Елизабета британската Влада потрошила над 200 милиони долари

uk
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската влада потроши 161,7 милиони фунти (204 милиони американски долари) за државниот погреб на кралицата Елизабета, објави денеска Министерството за финансии.







Откако кралицата Елизабета почина на 8 септември на 96-годишна возраст, земјата прогласи 10 дневна жалост, која заврши со погребот на 19 септември.

Околу 250.000 луѓе дојдоа во Вестминстерската сала, каде беше изложен ковчегот, за да и оддадат почит на најдолговечната кралица.

„Приоритет на Владата беше настаните поврзани со погребот да се одвиваат непречено и со соодветно достоинство, а во исто време безбедноста на граѓаните да биде загарантирана во секое време“, напиша министерот за финансии Џон Глен во писмото до парламентот.

Најголем дел од парите, 73,7 милиони фунти, доби МВР, надлежно за одржување на редот и националната безбедност.

Полицијата на Сити Лондон на улиците распореди досега најголем број полицајци, соопштувајќи дека станува збор за нивната најголема безбедносна операција во историјата.

На погребот се собраа бројни светски лидери и монарси. Полициското обезбедување беше посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK