„Боинг“ ја одложува испораката на 50 авиони поради неколку дефекти

„Боинг-ја-одложува-испораката-на-50-авиони-поради-неколку-дефекти.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Компанијата „Боинг“ соопшти дека поради проблеми со трупот на своите авиони, ќе мора да ги одложи испораките на 50-ина авиони.

Извршниот директор на компанијата, Стен Дил, во јавното писмо до работниците во компанијата соопшти дека работник кај неговиот снабдувач „Спирит аеросистемс“ (Spirit AeroSystems), со седиште во Вичита, Канзас, открил дека две дупки на трупот можеби не биле издупчени според спецификациите и потоа го известил својот менаџер.

„Иако оваа грешка не е непосреден безбедносен проблем и сите авиони ‘737’ може да продолжат безбедно да работат, веруваме дека ќе треба да извршиме преправки на приближно 50 неиспорачани авиони“, се вели во писмото на директорите на компанијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK