Американската војска изгради пристаниште за помош на Газа: „Ниту еден војник не стапна на копно“

Screenshot-2024-05-17-101926.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Првите камиони со хуманитарна помош што користат привремено пристаниште изградено од САД во Појасот Газа пристигнаа во палестинската енклава, соопшти денеска американската војска.

За време на операцијата, ниту еден член на војската не стапнал на брегот, објави Централната команда на САД (CENTCOM) на платформата „Икс“.

„Ова е тековна мултинационална иницијатива за испраќање дополнителна помош за палестинските цивили во Газа преку поморски коридор кој е целосно од хуманитарна природа и ќе вклучува помош донирана од голем број земји и хуманитарни организации“, се вели во соопштението.

Привремениот пристан треба да служи како центар за испорака на помош бидејќи самата Газа нема пристаниште доволно длабоко за поголеми товарни бродови. Пентагон претходно објави дека првично околу 90 возила дневно ќе пристигнуваат во Газа преку пловечкото пристаниште.

Подоцна тоа ќе се зголеми на 150 возила дневно.

Недостигот од основни потреби доведе до хуманитарна криза во Појасот Газа по седум месеци војна меѓу Израел и Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK