(Видео) Шпанија за полувреме ја декласира Хрватска

12301071.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Шпанија ја декласираа Хрватска со 3:0 (3:0), во првиот натпревар од групата Б на ЕУРО 2024. Сите дилеми околу кончениот победник на Олимпискиот стадион во Берлин Шпанците ги решија во првиот дел кога ги постигнаа головите.

Шпанците доминираа во поседот во првите 15 минути, а кога Хрватите дојдоа до здив и полека ја презедоа контролата врз играта, доживеаја нокут.

Најдобриот играч на теренот, Фабијан Руиз, во 29.минута со вертикално додавање ја распара хрватската одбрана, Мората излезе сам пред Ливаковиќ и рутински ја заврши акцијата.

Три минути подоцна, минијатура на Руиз, кој се ослободи од тројца играчи и со удар од 15 метри го совлада Ливаковиќ.

Интересно веднаш по шапнските голови Хрватите имаа добри шанси, но најпрвин Ковачиќ, а потоа и Брозовиќ не успеаја да го совладаат Симон.

Во финишот на првиот дел, во 42.минута супер шанса пропушти и Гвардиол. Катастрофата на Хрватска во првиот дел ја комплетираше Дани Карвахал во втората минута од судиското надополнување на времето. За Карвахал ова беше прв гол во дресот на националниот тим.

Резултатот на полувремето им овозможи на Шпанците да ја умртват играта во вториот дел . Во 55.минута, Хрватска имаше голема шанса, ударот на Станишиќ во последен момент го блокираше Кукуреља, а во продолжението на акцијата Симон од глава му ја симна топката на Крамариќ.

Хрватите имаа уште една голема шанса, во 80.минута Симон со аматерска реакција им подари пенал на противниците. Глманот на Шпанија сепак ја исправи својата грешка, го одбрани пеналот на Петковиќ. Напаѓачот на Хрватска од втора шанса постигна гол, кој беше поништен поради офсајд.

На овој натпревар Алваро Мората стана третиот најдобар стрелец во историјата на Европските првенства. Против Хрватска го постигна седмиот гол на континеталните шампионати. Само Кристијано Роналдо со 14 и Мишел Платини со девет имаат повеќе голови на ЕП.

Вундеркиндот на Барселона, Јамин Ламал, стана најмладиот фудбалер кој настапил на едно ЕП и најмлад асистент на натпревар на ЕП.

Во второто коло Хрватска ќе игра против Албанија, а Шпанија против Италија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK