(Видео) Шпанија со два гола за три минути ја нокаутира Хрватска

12300704.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шпанија на „Олимпискиот стадион во Берлин, во дербиот на првото коло на Европското првенство, води против Хрватска со 3:0.

Шпанците доминираа во поседот во првите 15 минути, а кога Хрватите дојдоа до здив и полека ја презедоа контролата врз играта, доживеаја нокут.

Најдобриот играч на теренот, Фабијан Руиз, во 29.минута со вертикално додавање ја распара хрватската одбрана, Мората излезе сам пред Ливаковиќ и рутински ја заврши акцијата.

Три минути подоцна, минијатура на Руиз, кој се ослободи од тројца играчи и со удар од 15 метри го совлада Ливаковиќ.

Интересно веднаш по шапнските голови Хрватите имаа добри шанси, но најпрвин Ковачиќ, а потоа и Брозовиќ не успеаја да го совладаат Симон.

Во финишот на првиот дел, во 42.минута супер шанса пропушти и Гвардиол.

Катастрофата на Хрватска во првиот дел ја комплетираше Дани Карвахал во втората минута од судиското надополнување на времето. За Карвахал ова беше прв гол во дресот на националниот тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK