(Видео) Голден стејт без Кари направи брејк во Минеаполис


Untitled-1-21.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ги победија Минесота Тимбервулвс со 99:88 во второто коло од плејофот на Западната конференција.


Голден Стејт Вориорс без Стеф Кари, славеа на теренот во Минеаполис. Кари го напушти натпреварот по нешто помалку од 13 минути на теренот откако почувствува болка во задната ложа.

Ќе му биде направена магнетна резонанца и иако се верува дека повредата не е сериозна, тренерот на Вориорс, Стив Кер, изјави: „Дефинитивно мислиме дека нема да може да игра во четврток. Сè уште не знаеме, но што се однесува до задната ложа, тешко е да се замисли дека ќе може да игра.“

Дури и без Кари, Голден Стејт одигра одличен натпревар во кој клучната предност ја стекнаа во втората четвртина и повеќе не ја испуштија. Предноста на гостите во третата четвртина изнесуваше максимални 23 поени, а Минесота успеа да го ублажи поразот само во последната четвртина.

Бади Хилд беше херојот. Одличниот шутер го замени повредениот Стеф Кари и ги предводеше Вориорс до победа со 24 поени, 8 скока и 3 асистенции.

Друштво му правеше Џими Батлер кој постигна 20 поени со 11 скока и 8 асистенции, додека Дрејмонд Грин имаше 18 поени, 8 скока и 6 асистенции. Минесота ја предводеше Ентони Едвардс со 23 поени, 14 скока и 2 асистенции. Наз Рид уфрли со 19 поени, еден повеќе од Џулиус Рендл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK