Додека во ек се шпекулациите околу тоа кој ќе ја добие најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“, „Тутоспорт“ ја објави листата на номинирани за наградата „Златно момче“.
„Тутоспорт“, оваа награда за најдобар млад играч ја доделува од 2003 година, а првиот освојувач беше Рафаел ван дер Варт, тогашен фудбалер на Ајакс. Лани наградата му припадна на Дезире Дуе од ПСЖ.
Интересно е што и Хрватска и Босна и Херцеговина имаат свој претставник, во Лука Вушковиќ и Карим Алајбеговиќ.
Според сите прогнози, прв фаворит е Пау Кубарси, кој имаше фантастична сезона во Барселона, крунисана со освојување на титулата светски шампион. Кубарси на Мундијалот во САД, Канада и Мексико беше прогласен за најдобар млад фудбалер.
Номинираните за наградата оваа година се:
Пау Кубарси – Барселона
Ајуб Буади – Манчестер Сити
Ворен Заир-Емери – ПСЖ
Јан Диоманде – Реал Мадрид
Лука Вушковиќ – Брајтон
Виктор Фрохолд – Порто
Мајлс Луис-Скели – Арсенал
Рајан – Борнмут
Јорел Хато – Челзи
Ленарт Карл – Баерн Минхен
Естевао – Челзи
Ендрик – Реал Мадрид
Ели Жуниор Крупи – Борнмут
Џанлука Престијани – Бенфика
Константинос Карецас – Борусија Дортмунд
Саид Ел Мала – Келн
Џон Мартин – Реал Сосиедад
Марк Бернал – Барселона
Керим Алајбеговиќ – Јувентус
Кин Фелх – Штутгарт
Заедно со нив, уште пет фудбалери се најдоа на листата како „вајлд карта“:
Хараламбос Костулас – Брајтон
Жоан Гадо – Борусија
Франко Мастантуоно – Фиорентина
Родриго Мора – Рома
Чави Еспарт – Барселона.
Foto/ Depositphotos