Хари Кејн, еден од кандидатите за Златната топка, донесе важна одлука за својата кариера.
По долги преговори, брилијантниот напаѓач одлучи да остане во Баерн Минхен.
Неговиот договор со клубот од Баварија истекува на крајот од оваа сезона, а најновите информации од Германија велат дека соработката ќе продолжи до 2029 година.
Кејн инсистираше на откупната клаузула и дека Тотенхем има предност доколку се разговара за евентуален трансфер.
Англичанецот пристигна во Минхен во 2023 година за 95 милиони евра и веројатно е една од најдобрите зделки на Баерн во историјата. Досега постигна неверојатни 152 гола со 34 асистенции.
Тој освои две германски првенства, два Суперкупа и еден германски куп.
Foto/ Depositphotos