Шефот на Ферари критикува, Леклер ја „призна“ вината


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на Ферари, Гедерик Васер, се огласи по трката во Лас Вегас, а по повод новите инцидентит што си ги предизвикаа неговите возачи, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

Многу пати, Леклер и Хамилтон влегуваа во непотребни дуели на патеката оваа сезона, многу пати беа предупредени од страна на тимот да не го прават тоа, но возачите продолжуваат да прават глупости.


На почетокот влегоа во дуел, во кој беше и Оскар Пјастри од Мекларен, Хамилтон ја напушти патеката, се врати пред овие двајца поради што доби казна од 10 секунди.

Во финишот, Леклер го нападна Хамилтон и вината е само негова, беше казнет со 10 секунди.

„Ова е неприфатливо. По Мексико, рековме дека мора да се мисли на тимот. Шарл ја доби пораката дека не треба да се обидува да претекнува на ваква трка и јасно е дека згреши“, рече Васер.

Возачот од Монте Карло ја прифати вината. Барем декларативно.

„Добив казна. Повеќето од стјуардите мислат дека јас бев виновникот, па затоа ја прифаќам вината. Нема да кажам ништо повеќе“, рече Леклер.

Хамилтон воопшто не беше расположен за давање изјави.

„Ова е прашање за кое Ферари мора да одлучи. Направив сè што можев, претходно реков и повеќе отколку што требаше. Тешко е. Сè што треба да направам е да излезам таму и да дадам се од себе со надеж дека ќе разберат“.

Хамилтон се искачи на третата позиција во генералниот пласман, додека Леклер падна на шестото место.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK