Тошковски: Придобивките од „One stop“ се веќе видливи, на Табановце чекањето се намали на околу 30 минути


toskovski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Придобивките од системот „One stop“ се веќе видливи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својата Фејсбук-страница, по денешното промовирање на системот на граничниот премин „Ќафасан“.


„Денеска на ГП „Ќафасан“, во присуство на премиерите Христијан Мицкоски и Еди Рама, го промовиравме системот „One stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија. Со ова го заокружуваме процесот на воспоставување на системот „One stop“ со нашите соседи надвор од Шенген-зоната, по претходната имплементација со Србија и Косово. Придобивките од овој модел веќе се видливи. На ГП „Табановце“, по воведувањето на „One stop“, времето на чекање во одредени периоди се намали од неколку часа на околу 30 минути, и покрај зголемениот патнички сообраќај за 15 до 20 проценти“, истакна министерот во објавата.

Тој нагласи дека истото се очекува и на ГП „Ќафасан“ – побрз проток на патници и возила, помалку непотребни задржувања, поедноставени процедури и подобра координација меѓу граничните служби.

Министерот додаде дека целта е граѓаните да поминуваат помалку време на границите, а граничните контроли да останат ефикасни и безбедни.

„Продолжуваме со модернизација на граничните премини, дигитализација и зајакнување на регионалната соработка. Бидејќи секое скратено чекање значи повеќе време за граѓаните, полесно патување и подобри услови за туризмот и економијата“, порача министерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK