Кристијано Роналдо денес го игра својот 1200 натпревар

Кристијано-Роналдо-денес-го-игра-својот-1200-натпревар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Португалецот Кристијано Роналдо (37) денеска ќе го игра 1.200 натпревар во неговата професионална кариера и по тој повод неговиот клуб Ал-Наср ќе одржи забава на стадионот.

Ал-Наср ќе биде домаќин на Ал-Ријад и 25.000 луѓе ќе бидат сведоци на ново историско достигнување на еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Доколку постигне четири гола, Роналдо ќе го заокружи својот голгетерски опус на 900 гола, иако, се разбира, пореално е тој рекорд да го постигне на некои од следните натпревари.

Роналдо дебитираше во сениорска конкуренција за Спортинг во 2002 година (против Брага). Во текот на кариерата, Роналдо играше за Спортинг 31 натпревар (5 гола), Манчестер Јунајтед 346 натпревари (145), Реал Мадрид 438 натпревари (450), Јувентус 134 натпревари (101) и Ал Наср 45 натпревари (38). За португалската репрезентација одигра 205 натпревари и постигна 129 голови.

Пред Роналдо по бројот на натпревари во кариерата се само англискиот голман Питер Шилтон (1.375), уште еден Англичанец Пол Бесток (1.286) и Бразилците Рожерио Сени (1.237) и Фабио (1.212).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK