Колку бодови ќе бидат потребни за пласман во нокаут фазата на Светското првенство?


depositphotos_403289234_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светското првенство на ФИФА започнува на 11 јуни со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка во Мексико Сити. Овогодинешното издание носи сосема нов формат на натпреварувањето. За прв пат во историјата ќе се натпреваруваат 48 репрезентации, што значи рекорден број натпревари – дури 104, во споредба со 64 одиграни на целиот турнир во 2022 година.


Вкупно 48 репрезентации ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете најдобри екипи од секоја група и осумте најдобри третопласирани репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето.

Поради ова правило, се очекува дека во последното коло од групната фаза, во кое ќе се играат дури 72 натпревари, ќе има значително помалку средби без натпреварувачко значење.

Како и пред секој турнир, прашањето е колку бодови ќе бидат потребни за да се помине групата, што е прва цел на сите учесници. Победа и нерешено, односно четири бода, речиси сигурно обезбедуваат место во следната рунда.

Според анализата на платформата „FootballMeetsData“, дури и со негативна гол-разлика од -3, четири бода носат 98,9 проценти шанси за пласман во нокау фазата. Пласманот понатаму прагтично е загарантиран со три бода, ако гол-разликата е подобра од -1.

Дури и со три бода и гол-разлика од -3, шансите за пласман во втората рунда се респектабилни 47 проценти.

Исто така, постои теоретска можност за пласман во нокаут фазата со само два освоени бода и гол-разлика од -1. Иако шансите за такво сценарио се само 6,6 проценти, тоа не е невозможно.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK