Мира Андреева и Маја Хавлинска ќе се борат за титулата на Ролан Гарос. Во полуфиналните мечеви, Андреева ја победи Марта Костјук, а Хавлинска беше подобра од Дијана Шнајдер.
19-годишната Андреева, ја декласира Украинакта Костјук. За само 77 минути, тенисерката од Русија победи со 6:1, 6:3.
Во второто полуфинале, по повеќе од два часа игра, Хвалинска ја победи Дијана Шнајдер во два сета (7:6, 6:4).
Хвалинска (моментално рангирана на 114-то место во светот) со пласманот во финалето на турнирот, влезе во избраната група тенисерки кои успеаја да испишат една од најубвите страници во историјата на тенисот.
Таа стана втората тенисерка во историјата која стигнала до финалето на Гренд слем турнир преку квалификациите, а единствениот претходен таков случај го забележа Британката Ема Радукану на Отвореното првенство на САД во 2021 година, кога стигна до титулата.
Покрај тоа, Полјачката постигна уште еден значаен подвиг – таа е стана третата тенисерка во Опен ерата која го одиграла своето прво ВТА финале токму на Гренд слем турнир.
Само легендарната Венус Вилијамс, која стигна до финалето во своето прво ВТА финале на Отвореното првенство на САД во 1997 година, како и Ема Радукану, која го повтори идентичниот успех во 2021 година, се во тој ексклузивен круг.
Foto/ EPA