Ферстапен сениор: Хорнер глуми жртва, Ред Бул пред експлозија

137557778965e44c2c1b152050126283_w640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јос Ферстапен, таткото на Макс Ферстапен, тврди дека „Рд Бул“ ќе „експлодира“ доколку Кристијан Хорнер остане тимски шеф.

Хорнер е обвинет за непримерно однесување кон колешка.

Иако клубската истрага неодамна заврши, тоа ни приближно не беше крај, бидејќи на мејловите на новинарите и челниците на Ф1, стигна документ со 79 копии од „Ватс ап“ на кои се гледаат преписки помеѓу Хорнер и дотичната колешка.

Затоа, многумина сметаат дека најчесното нешто за Хорнер би можел да го направи е да поднесе оставка, а Ферстапен постариот нема дилема што треба да се направи.

„Ќе има тензија се додека тој остане на позицијата. На тимот му се заканува опасност да биде скршен. Не може да продолжи вака. Ќе експлодира. Тој глуми жртва, а тој е тој што ги предизвикал проблемите“, вели Јос Ферстапен.

Интересно е тоа што Хорнер верувал дека таткото на светскиот шампион бил еден од оние кои ја оркестрирале кампањата против него во последните недели.

Ферстапен сениор ги негира обвинувањата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK