(Видео) Јокиќ го прекина интервјуто на Ѓоковиќ, реакцијата на Новак стана хит: „Каде си братe“

djokovic-jokic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, го гледаше Никола Јокиќ како ги уништува Лос Анџелес Лејкерс, а моментот по мечот ќе замине во историјата.

Денвер ги совлада Лејкерси со 124:110, а Ѓоковиќ и Владе Дивац будно следеа од првиот ред.

По натпреварот следеше нивната долгоочекувана средба.

Новак даваше интервју, а потоа Никола Јокиќ тргна кон него. Кога Новак го забележа, го прекина интервјуто.

Тој им се заблагодари на новинарите, па веднаш се сврте кон сонародникот да се прегрне и поздрави.

„Каде си брате мој…“, беа првите зборови на Новак, кој не ја симна насмевката од лицето.

Ѓоковиќ од 6 март ќе игра на Мастерсот во Индијан Велс, поради што моментално се наоѓа на подготовки во Америка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK