Спасовски апелираше институциите да бидат поажурни при издавање на уверенијата за промена на имињата на улиците

mrtv
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Интересот на граѓаните е најважен, а не политичкиот интерес при промената на имињата на улиците вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој одговараше на новинарско прашање за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Скопје при издавање на лични документи.







-Не настанува проблем при промената сегашна, бидејќи не е правена промената сега, туку е направена пред неколку години. Јас и минатиот пат кога разговараме и апелирав на градоначалниците и на Советот на општината дека интересот на граѓаните е најважен, а не политичкиот интерес, барем за мене како човек и како политичар е многу поважно што ќе направиме заедно за граѓаните, отколку да артикулираме некаков политички интерес и сега дали улицата ќе се вика „Аминта трети“ или не знам како, на крајот тоа носи штета кај граѓаните, отколку корист, вели Спасовски.

Ministria e Punëve të Brendshme ditëve të fundit nuk ka alarme për bomba në shkolla ose institucione tjera, tha ministri i Punëve të Brendshme Oliver Spasovski, duke u përgjigjur në pyetjen e

Посочи дека штетата е во тоа што граѓаните се наведуваат во краток временски период да ги сменат личните документи.

-Во конкретниот случај што е, имаме една улица којашто била со едно име, а сега нозив на три имиња и никој во системот не може да знае кој дел од улицата како се вика. Тоа се 180 улици во Скопје и заедно со ДИК се констатираше таа состојба, којашто ја имаше. Затоа што претставува и проблем во изборниот систем. Единствен начин е да се издаваат уверенија од страна на градот Скопје за да се знае граѓанинот каде точно и на кој дел од улицата припаѓа и така да бидат заведени, вели Спасовски.

Министерот за внатрешни работи забележа дека проблемот е сега што граѓаните чекаат десет дена да го добијат уверението и кога ќе дојдат на закажаниот термин за фотографирање за лични документи се појавува проблемот.

-Сакам да нагласам дека граѓанинот не го губи терминот, во тој момент тој не може да се слика, бидејќи го немаме како податок, меѓутоа веднаш по добивањето на уверението оди и ја завршува работата. Така да апелирам институциите да бидат малку повеќе ажурни, заради тоа што сепак ние сме тука за граѓаните, рече Спасовски.

Прашан за предупредувањата на дел од банките дека на нивни клиенти се јавуваат непознати лица и им ги бараат личните податоци, Спасовски вели дека колку има пријави и колку се дополнително ќе информираат од секторот за односи за јавност при МВР.

-Доколку имало апелирам до граѓаните на коишто им се случуваат вакви активности да пријават за да може да се истражи, но и да се стопира ваквкиот тренд којшто го има, додаде Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK