Уставните судии се сретнаа со Рајнер Вилант, потпретседател на ЕП и член на Комитетот за уставни прашања

vilant
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска заедно со сите судии остварија средба со потпретседателот на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања на Европскиот парламент, Рајнер Вилант.







-На средбата се дискутираше за актуелните предизвици, како што е неизбирањето на уште двајца уставни судии од страна на Собранието, начинот на работа во Уставниот суд од почетната фаза на поднесување на иницијативи и барања, до изнесување на предметите на седници за дискусија и гласање, информираат од Уставниот суд

Меѓу другото, како што е наведено во соопштението, била споделена и информацијата дека е намалено просечното времетраење на постапките пред Судот од девет на четири месеци.

Кацарска преку примери ги посочила недостатоците кои се појавија поради непотполнувањето на составот на Судот, кој во моментов изнесува седум, наместо девет судии како што предвидува Уставот.

На средбата која се одржала на 17 мај во просториите на Судот, била истакната и потребата од воведување на уставна тужба која ќе ги зголеми можностите на граѓаните за секое право предвидено со Уставот, да побараат заштита од Уставниот суд.

-Што се однесува до потребата од воведување на уставната тужба, пожелно е граѓаните овде да ја исцрпат последната можност, пред да се изложат на трошоци пред Судот во Стразбур каде што се обраќаат незадоволни од домашните судови, посочила Кацарска.

Европратеникот Вилант покажал интерес за причините зошто Уставниот суд не е во целосен состав и за последиците од овој проблем како што се ситуациите во кои остануваат нерешени предмети поради недобиеното мнозинство на гласови, како и за видот на иницијативи кои се поднесуваат до Судот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK