СПМ: Со слободното формирање на маржите почнува незапирливиот раст на цените

spm_1231313123123
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1 јули 2023 







Социјалистичката партија на Македонијa оценува дека со слободното формирање на маржите на основните прехранбенин производи почнува незапирливиот раст на цените на производи битни за секојдневна исхрана на граѓаните.

Власта на СДС и ДУИ не се грижи за можностите на граѓаните и врши нивно натамошно осиромашување. Платите и пензиите не растат туку реално се намалуваат заради растот на цените и високата инфлација што Владата не знае како да ја намали.

Промените на цените на енергенсите, а особено зголемувањето на данокот на додадена вредност на електирчната енергија, директно го оптоваруваат буџетот на граѓаните. Предизборното лажно ветување за ефтина тарифа на струјата ќе биде за некој следен месец или година.
Зафаќањата од џебот на граѓаните што го прават СДС и ДУИ заедно со инфлацијата и растот на каматите на кредитите ја потврдуваат неуспешната економска политика на власта, која немоќно ги лаже граѓаните дека е се во ред.

Промените на цените и паѓањето на стандардот на граѓаните раководната политичка елита не го чувствува заради растот на нивните плати од 78% што ги амортизира ценовните шокови.
СПМ укажува дека отуѓената и октроирана влада на најнеспособниот премиер Ковачевски не го чувствува огромното незадоволство на граѓаните.
Граѓаните како и опозицијата бараат власта да си оди и да се организираат итни избори за да запре агонијата на владење, осиромашувањето и корупцијата на постојната власт на СДС и ДУИ.

Социјалистичка партија на Македонија 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK