Николовски – Ку Донекју: Со поддршка на ФАО успешно го водиме процесот на консолидација и сме лидери во регионот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од денеска во Рим учествува на 43-та Конференција на ФАО, како највисоко управувачко тело на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, на која  учествуваат околу 100 министри за земјоделство од целиот свет кои ќе дискутираат за моменталната состојба со обезбедноста со храна во услови на криза. Николовски во рамки на конференцијата …

Continue Reading

Стапија во сила мерките на ЕУ против Косово

Европската унија усвои мерки против Косово за непреземање мерки за деескалација на ситуацијата на северот на земјата, а за тоа косовските институции и Влада беа информирани на 28 јуни, велат од ЕУ. Неименуван портпарол на ЕУ за приштинските медиуми потврди дека работата во работните тела во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација е привремено прекината. Косово исто така нема …

Continue Reading

УК за Кардиологија: Салите за ангиографија функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи

Универзитетска клиника за кардиологија ги демантира изнесените наводи дека салите за ангиографија се поплавени и информира дека салите функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи. – Во врска со изнесените наводи дека салите за ангиографија се поплавени, УК за кардиологија ги демантира изнесените наводи. УК за кардиологија ве известува дека се има појавено вода во една од просториите и …

Continue Reading

Погребан тинејџерот убиен од полицаец во Франција

Во присуство на семејството и пријателите, денеска беше погребан тинејџерот кој беше убиен на почетокот на неделава од полицаец при сообраќајна контрола во Нантер во близина на Париз. Богослужбата во џамијата во Нантер почна напладне. На барање на семејството, ниту еден новинар не присуствуваше на погребот на Нахел М., 17-годишникот со алжирско и мароканско потекло, чија смрт предизвика неколкудневни нереди …

Continue Reading

Маск: Твитер го ограничи бројот на твитови што луѓето можат да ги гледаат дневно

Сопственикот на Твитер Илон Маск денеска објави дека платформата привремено го ограничила бројот на твитови што корисниците можат да ги прочитаат во еден ден. Маск напиша на Твитер дека неверификувани профили можат да читаат до 600 објави дневно. Од друга страна, верификуваните профили се привремено ограничени на читање на шест илјади објави дневно. Маск посочи дека новите неверификувани профили можат …

Continue Reading

Белата куќа разочарана од одлуката на Врховниот суд да го блокира укинувањето на долговите за студентски кредити

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека одлуката на Врховниот суд да ја блокира неговата уредба за простување на студентските долгови е погрешна. Републиканците пак сметаат дека таа е правилна. Бајден изјави дека „борбата за ова не е завршена“. -Планот на мојата администрација за олеснување на долговите би било појас за спасување за десетици милиони Американци кои напорно заработуваат за …

Continue Reading

Меморијален фудбалски натпревар во Кочани по повод 50-годишнината од смртта на фудбалерот Никола Мантов

Фудбалските ветерани од Кочани, Штип, Виница и други градови од државата, поранешни фудбалери на „Осогово“, „Брегалница“, „Слога“ и други екипи попладнево организираа меморијален натпревар и спортско дружење во спомен на 50-годишнината од трагичната смрт на нивниот другар и соиграч Никола Мантов. На стадионот во Кочани, што денес го носи името на Мантов, се собраа поголем број некогашни спортисти и спортски …

Continue Reading

Франција повторно ќе распореди 45 илјади полицајци за борба против нередите

Речиси 45 илјади полицајци и жандарми вечерва повторно ќе бидат мобилизирани во Франција за да се справат со нередите што ја потресоа земјата по убиството на млад човек од полицаец за време на сообраќаен прекин во вторникот во предградие на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен. Министерот додаде дека во Марсеј и Лион, главните градови погодени од …

Continue Reading

Поплавени подруми, улици и подвозници, паднати дрвја и скршени бандери по невремето во Скопје

 Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје. На единствениот број за итни ситуации 112 досега има пристигнато повеќе пријави за поплавени подрумски простории, улици, подвозници, паднати дрвја, оштетени кабли и падната бандера, информираат од Центарот за управување со кризи. Од страна на Регионалниот Центарот за управување со кризи Скопје се известени надлежните служби …

Continue Reading